За нас

Здружение на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ – Скопје, e невладина организација, основана во април 2016 година, со единствена  цел да ги обедини џез музичарите од Македонија, и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа.

Во здружението членуваат дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност.  Здружението работи на подобрување на музичката продукција, се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, за афирмирање на џез музиката преку организирање на џез фестивали и настани кои ќе помогнат во негување на џез културата во Македонија, но и отварање локали и центри во кои сето тоа би се реализирало.

 

Повеќе…

 

НОВОСТИ

Последни активности на Здружението на џез музичари и слободни уметници

ЧЛЕНОВИ НА ЗЏМ

Листа на членови и поддрувачи на Здружението на џез музичари и слободни уметници

Sethstat

Sethstat веќе двесетина години неуморно ја промовираат македонската џез сцена, движејќи се во рамките на модерниот џез, панк џезот и […]
read more

Гоце Стевковски Септет

Гоце Стевковски Септет е состав од седуммина истакнати македонски џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски кој веќе извесен период […]
read more

ЗЏМ Биг Бенд Оркестар

Во рамки на Здружението функционира и Биг Бенд во кој членуваат афирмирани имиња од македонската џез сцена кои веќе долги […]
read more