Фото-ретроспектива од концертот Baby it’s cold outside

На 12 декември во Големата сала на Македонската Филхармонија, во организација на ЗЏМ Скопје, беше одржан предновогодишниот концерт насловен Baby it’s cold outside.

Концертот кој беше составен од два дела беше соработка на ритам секцијата на ЗЏМ Биг Бендот и гудачката
секција на Македонската филхармонија и солистот на алто саксофон, Кирил Кузманов, при што премиерно беше изведена програмата под наслов Charlie Parker with strings (изведба на компилациски албум на еден од најпознатите џез саксофонисти и композитори на сите времиња, Чарли Паркер, кој е прогласен за најпродаван и е награден со Греми награда во 1988 година).  Вториот дел на концертот беше настап на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот на кој настапија и вокалните солисти Џон Илија Апелгрен и Марија Димитријевиќ, претставувајќи се со дела од најголемите имиња од областа на џез музиката.