Во рамки на Здружението функционира и Биг Бенд во кој членуваат афирмирани имиња од македонската џез сцена кои веќе долги години ја градат својата кариера во земјава и надвор од неа, а веќе извесен период дејствуваат обединето не само преку Здружението, туку и преку самиот Биг Бенд. Во Биг Бендот членуваат:
Саксофони:
- Кирил Кузманов,
- Борислав Веселинов,
- Иван Иванов,
- Игор Иванов,
- Нинислав Димов.
Тромбони
- Владан Дробицки,
- Сашко Николовски,
- Николче Ристевски,
- Виктор Илиевски.
Труби:
- Трајче Велков,
- Демир Кантуровски,
- Сенад Усеин,
- Вилијам Бараковски,
- Александар Златевски.
Контрабас: Кирил Туфекчиевски
Пиано: Гордан Спасовски
Гитара: Зоран Костадиновски
Тапани: Гоце Стевковски
Меѓу самостојните настапи на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот се вбројува концертот ZJM Jazz Orcestra plays the Beatles (ЗЏМ Џез Оркестарот свири музика на Битлси) и настапот на ЗЏМ Биг Бендот во рамки на Денови на Македонска музика. Двата концерти беа оценети како исклучително успешни од страна на музичките новинари и критичари кои оценија дека појавувањето и работата на еден ваков џез состав е вистинско освежување на македонската џез сцена (ЗЏМ, ФЕИГЛ И „БИТЛСИ“ – ВОЗБУДЛИВ ПОЧЕТОК НА НОВА ЏЕЗ-ПРИКАЗНА!; Првиот концерт на ЗЏМ на тема „Битлси“ поздравен со овации; Жедни за звукот на биг-бендот).
ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот имаше настап и на манифестацијата Today it’s all about jazz (Денес сѐ е џез), која се одржа на Меѓународниот ден на џезот во МКЦ, беше придружба и на Виенскиот Бал во Скопје, а моментално подготвува нова програма со која ќе настапи на следните планирани настани меѓу кои манифестациите Охридско лето и Прилепски џез викенд.