Гоце Стевковски Септет

Гоце Стевковски Септет е состав од седуммина истакнати македонски џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски кој веќе извесен период работи на своја авторска музика движејќи се во границите на таканаречениот post-hard bop звук.

Стевковски во својата кариера соработува со високо етаблирани групи како Архангел, Леб и сол, Бодан Арсовски Езгија Бенд, Проект Жлуст, ДНО, а последниве години својот интерес го насочува кон џез музиката, учествувајќи во бројни џез проекти и соработувајќи со скоро сите значајни имиња на македонската и балканската џез сцена, а работи и како професор на Џез академијата во Штип.

Гоце Стевковски септет ги вклучува и Трајче Велков: труба; Кирил Кузманов: алт саксофон; Иван Иванов: тенор саксофон; Оливер Јосифовски: контрабас; Дамир Имери: клавијатури; Сашко Николовски: тромбон.