Sethstat

Sethstat веќе двесетина години неуморно ја промовираат македонската џез сцена, движејќи се во рамките на модерниот џез, панк џезот и слободниот џез, а зад себе имаат шест успешни албуми.

Нивниот најнов, шести по ред албум, ПЕТИТ СИНЕМАТИК, е своевидно надоврзување на претходниот албум Кораб, но не и задолжително продолжување на истата тема, туку едно музичко патување само за себе, или како што велат Сетстат : музичко патување со себе, во себе и меѓу себе, растегнато врз замислен, но реален свет.

Во бендот членуваат Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски- саксофон, Александар Николовски – труба, Панче Бујуклиев- синтисајзер, пијано Павел Дробицки – електрична бас гитара, Гоце Наумов / Дино Милосавлевиќ – тапани, ударни инструменти.